САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) ја укина четиричасовната забрана за летови воведена поради проблеми со комуникациските системи за контрола на воздушниот сообраќај, но се очекува нарушувањата во авиосообраќајот да продолжат, јави ДПА.
Илјадници летови беа откажани, а десетици илјади патници останаа блокирани на американските аеродроми. ФАА соопшти дека по темелното тестирање на системите е дозволено продолжување на дел од летовите.
Министерот за транспорт, Шон Дафи, изјави дека за целосно нормализирање на состојбата ќе биде потребно време поради недостигот од авиони и екипажи. Тој објасни дека проблемите биле предизвикани од дефекти во радио и радарските системи, како и од преоптоварување на рутерите, поради истовремено користење постара и понова технологија.
Министерот за внатрешна безбедност, Марквејн Мулин, изјави дека затворањето на воздушниот простор било неопходна безбедносна мерка. Според него, нема индиции дека прекинот бил предизвикан од кибернапад, иако таа можност засега не е исклучена.
ФАА во историјата само двапати го затворила воздушниот простор на САД – по терористичките напади на 11 септември 2001 година и во февруари 2023 година, поради дефект на системот за известување на пилотите.
МИА
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
