САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
САД може да бараат до 15.000 долари гаранции за некои туристички и деловни визи во рамките на новата пилот-програма што ќе започне за две неделисоопшти американската влада. Мерката има за цел да ги ограничи пречекорувањата на престојот од страна на странски посетители во државата.
Програмата ќе им овозможи на американските конзуларни службеници да бараат гаранции од посетителите од земјите со високи стапки на пречекорувања на престојот во САД. Гаранции може да се бараат и од луѓе од земји каде што информациите за скрининг и верификација се сметаат за недоволни, додадоа властите.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги направи мерките против нелегалната имиграција централна тема на својот втор мандат. Републиканскиот претседател во јуни им забрани на граѓаните на 12 земји да влегуваат во земјата од причини поврзани со националната безбедност.
Новата визна програма, која стапува на сила на 20 август, ќе биде во период од околу една година, се вели во соопштение на владата.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром