Македонија
16. August 2024 - 16:34

Сами ги гаснеме пожарите и од воздух и од копно, се повлекоа германските и словенечките сили од ЕУ

Македонија остана без помошта на ЕУ механизмот. Екипата од Центарот за управување со кризи ги испрати пилотите и од Словенија и од Германија, кои со хеликоптер, како и ертрактори ги гаснеа стихиите во Македонија. Денеска пожарите се гаснат само со сопствени сили. Властите уверуваат дека во моментов се сосема доволни капацитетите со кои располагаме, иако секој ден во просек се соочуваме со близу педесеттина пожари.

Најкритично е кај Македонски Брод, кај ловиштето Јасен и кај селото Белица, Кај Брод се гасне и кај Грешница, Девич и Латово.

Кај Галичица се гасне и од воздух и од копно. Критично е и во Чашка, Новаци, Кичево, и Дебар.

Во меѓувреме, огнените стихии станаа предмет и на партиски препукувања. Од опозициската СДСМ обвинија дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлила во справувањето со пожарите и побараа оставка од првиот човек на полицијата,

„СДСМ неколку пати апелираше дека Тошковски е неспособен да управува со Кризниот штаб и мора да биде сменет. Лошата координација со воздухопловите и спорото делување на институциите, за што со денови предупредувавмем се покажува како најголемо потфрлање на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи со кој раководи Тошковски“, стои во соопштението на СДСМ.

Обивнуваат дека Тошковски целосно потфрлил и со фаќање на оние кои намерно ги подметнуваат пожарите.