СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.
Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.
Од СДСМ информираат дека Централната изборна комисија го потврдила и го затворила Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден. Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 05.04.2025 година.
Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, претходно беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.
Филипче за лидер беше избран во јуни минатата година на вонредните избори кои СДСМ ги организираше по оставката на Димитар Ковачевски.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба