Македонија
17. December 2024 - 12:25

Се чека одлука за притворот на Груби и Бајрами

Над 8 милиони евра штета по државниот буџет предизвикале директорот на лотарија Прпарим Бајрами и вицепремиерот Артан Груби со незаконската набавка на апарати за игри на среќа.. Според јавното обвинителство, двајцата знаеле дека Државната лотарија нема дозвола самостојно да приредува игри на среќа, тие ставиле свој потпис да се купат апартите.. Набавката ја иницирал директорот на лотарија, Бајрами.. Во мај лани на владата и предложил Државната лотарија да купи видеопарати и сама да почне да приредува игри на среќа.. Иако за таква набавка требало одобрување од Управниот и надзорниот одбор, Бајрами ги заобиколил, и предлогот за набавка на апарати за коцкање го испратил до Владата.. 

Предлогот бил даден иако осомничениот знаел дека набавката е беспредметна и непотребна, бидејќи АД “Државна лотарија” согласно Законот за игри на среќа нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа на територијата на државава, бидејќи уште во 2013 година тоа право го има вложено во Државната видеолотарија  – “Касинос Аустрија” 

По еден месец, набавката стасала на седница на Влада во својство на Собрание на акционерското друштво Државна лотарија.. Со неа раководел вицеприерот Груби.. Била усвоена информација за самостојно приредување игри на среќа и набавка на потребните видеоапарати.. 

Второосомничениот, иако исто така знаел дека барањето за конкретната јавна набавка е противзаконско и дека “Државната лотарија” нема право самостојно да приредува електронски игри на среќа, на 06.06.2023 година како вицепремиер претседавал со седница на Влада во својство на Собрание на акционерското друштво и покрај тоа што бил свесен дека акционерското собрание нема надлежност да одлучува за конкретната зделка. Биле спроведени јавни набавки и се склучиле договори со кои е преземена обврска во вкупен износ од 501.319.119 денари за набавка на видеолотариски терминали кои согласно закон воопшто не смееле да се употребат за приредување електронски игри на среќа. И покрај набавката, тие никогаш не биле ниту ставени во употреба.

Од обвинителствоот велат дека има основано сомнение дека со дејствијата Груби и Бајрами сториле криивчно дело Проневера во службата.. За него, според кривичниот законик е предвидена затворска казна.. 

Со истрагата се опфтатени и лицата од комисијата за јавни повици кои работеле на пренесување на правото за приредување електронски и интернет игри на среќа..