Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка

По речиси 20 часа од избувнувањето на пожарот на градската депонија за комунален отпад во Крива Паланка, противпожарните екипи работат на негова ликвидација. Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, пожарот избувнал вчера попладне околу 17 часот, а во гасењето покрај општинската ТППЕ, се вкчучиле екипи од вработени во јавното претпријатие „Комуналец“, поддршка добиле и од ТППЕ Ранковце, како и од повеќе приватни економски оператори.
-Дојавата за пожарот е примена околу 17 часот вчера, по што веднаш се упатени повеќе екипи со три возила и пожарникари од ТППЕ, за подоцна да вклучиме и возило од ПЕ на Дирекцијата за заштита и спасување од градот. Активно вклучени во гасењето во целиот период се и екипи на ЈП „Комуналец“, а поради обемот на пожарот и конфигурацијата на теренот, побаравме поддршка и истата ни беше пружена и од ТППЕ од соседна Општина Ранковце- изјави Коцевски.
Во поддршка и помош за доставување земја за посипување се ангажирале и повеќе економски оператори од општината.
Според она што во моментов се одвива на теренот и со оглед на значително високите температури, гасењето на пожарот сѐ уште трае, но по речиси 20 часа борба со пламените јазици, се работи на ликвидација на пожарот.
-Екипите непрекинато се на терен, се ротираат и активно работат, така што, пожарот пред неколку часа е локализиран, а веќе се работи на негова целосна ликвидација- додаде Коцевски.
И од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка со соопштение се обратија до јавноста, во коешто нагласија дека обемот на пожарот бил сериозен и сите расположливи капацитети биле насочени кон справување со пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.
Од општината упатија благодарност до сите екипи, компании и граѓани кои се вклучија и помагаат на терен.
Инаку, градската депонија во Крива Паланка е лоцирана непосредно до населеното место Конопница.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
