Македонија
15. јуни 2022 - 12:23

Се враќа „Штипската пастрмајлијада“

По 2 години пауза поради Ковид пандемијата, манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ повторно ќе се организира. Годинава ќе се одржи во последната недела од месец септември, кога според традицијата започнува да се конзумира овој кулинарски специјалитет. Во тек е подготовка на програмата и преговорите со штипските угостители, а се бара и соодветна локација во градот.

- Веќе имаме некоја програма за која што преговараме со потенцијалните изведувачи. Настанот ќе биде дводневен во соработка со бизнис секторот и сите заинтересирани кои би сакале да имаат свои штандови. Се уште разгледуваме неколку локации и ќе видиме која ќе биде најсоодветна за оваа година, изјави Вишна Шорова, ЛС - Штип.

Штипската пастрмајлија пред 11 години стана брендиран гурмански производ и препознатлив симбол на градот под Исарот, а манифестацијата ќе биде 14-та по ред.