Сеул и Вашингтон идната недела ќе разговараат за трговските царини воведени од Трамп
Разговорите ќе се одржат во четврток и петок во Вашингтон, а од јужнокорејска страна ќе ги водат министерот за трговија Ан Деок-гун и министерот за финансии Чои Санг-мок. Средбата е организирана на иницијатива на САД.
Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Хан Деок-су, веќе сигнализираше подготвеност за компромис по ова прашање. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој нагласи дека Сеул нема намера да преземе одмазднички мерки против царините наметнати од Вашингтон.
„По разорната Корејска војна, САД не поддржаа со помош, технологија, инвестиции и безбедносни гаранции, што беше основата на нашиот економски просперитет денес“, рече Хан Деок-су.
На почетокот на овој месец, Доналд Трамп објави воведување на таканаречена реципрочна царина од 25 отсто за јужнокорејските стоки. Тој подоцна објави привремена суспензија на овие мерки од 90 дена.
Јужна Кореја, чија економија е силно зависна од извозот, може да претрпи сериозни последици од таквите трговски ограничувања.
Ново на Сител
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести