Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа
Бројот на жртви од израелската воена офанзива во Појасот Газа достигна 66, при што 17 од нив, вклучувајќи деца, се убиени во напад во близина на медицински центар во Деир ал-Балах, соопшти Цивилната одбрана на палестинската енклава.
Израелски воздушен напад утрово погоди група луѓе кои чекаа пред медицински центар во Деир ал-Балах, изјави Мохамед ал-Мугаир, вработен во службата за итни случаи. Тој рече дека 17 лица, вклучувајќи осум деца, се убиени.
Израелската армија изјави дека нападот бил насочен кон член на елитната единица Нухба на палестинското движење Хамас, за кого војската вели дека биле вклучени во „масакрот од 7 октомври“ во 2023 година.
Израелската армија изрази жалење за „сите жртви нанесени на невини луѓе“ и рече дека прави „сè што е можно за да ги ограничи цивилните жртви“.
Војската не коментираше за другите инциденти пријавени од Палестинската цивилна одбрана, кои не можеа да бидат независно потврдени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија