Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции

Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена, објави Бугарското национално радио.
Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби одлучува што да се прави во случајот. Не се знае дали овие шест волови се дел оние гопведа шетаат слободно во областа Кна Крива Паланка предизвикувајќи голема напрегнатост меѓу населението и сопственици, а маедонските надлежни власти уште не можат да го решат проблемот.
Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство.
Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да се прави со нив.
Пред повеќе години, кравата Пенка ги прекрши граничните ограничувања влегувајќи од Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци. Според европските прописи, по влегувањето од земја надвор од ЕУ, таа морала да биде убиена.
Тоа стана меѓународен проблем – на крајот, кравата била поштедена, а нејзиниот сопственик од селото Копиловци со години се грижел за неа во своето стадо.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
-

Пристигнаа првите 17 американски „Stryker-и“ - Мисајловски најавува нови набавки за модернизација на АРМ
-

Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
