Македонија
15. јуни 2025 - 16:32
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
Под мотото „Ќе (оп)стоиме“ ќе се одржи шестата по ред Парада на гордоста во Скопје, закажана за на 21. јуни, информираа од Националната мрежа против хомофија и трансфобија. Организаторите велат дека овогодинешната парада не е прослава туку протест. Испратија порака дека оваа година има многу причини за протест и затоа не сметаат дека има простор за забава на Парадата на гордоста.
-->
-->