Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „би бил луд ако го нападнe НАТО“.
-Путин ја нападна Украина врз основа на супер оптимистички претпоставки и гадно се излажа. Но, тоа што не е во состојба да победи во Донбас, а не пак НАТО, не значи дека не може да направи уште една катастрофална грешка, наведе Шикорски за Третиот канал на јавното Полско радио.
Тој се осврна и на зачестените упади на руски воени авиони и дронови во воздушниот простор на земји-члеки на Алијансата.
-Не знаеме какви се нејзините (на Русија) намери. Но, знаеме што веќе прави. Таа шпионира, го загадува нашиот информативен простор со лажни вести и нејзиниот наратив, користи разузнавачки агенции, испраќа подметнувачи на пожари, испраќа одреди на смртта да убиваат новинари, бегалци од Русија, ги турка бегалците преку нашата граница. Ова е исто така едно од скалилото на скалата на ескалација, посочи Шикорски.
Тој наведе дека Полска е подготвена да соборува руски воени авиони и дронови во нејзиниот воздушен простор, бидејќи тоа е еден од елементите на суверенитетот – државата да ја контролира својата територија и да има монопол.
МИА
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
