Македонија
17. јуни 2022 - 12:28

Штип има милион евра кои со децении стојат на сметка

1 милион евра со децении стојат во општина Штип, замрзнати и неискористени. Се работи за средства од самопридонесот за изградба на брана на Козјачка река која никогаш не се изгради, а парите останаа на сметка.  Граѓаните, бизнис секторот, претставници на политичките субјекти на јавна дебата дискутираа за приоритети на општината, каде е најнеопходно да се пренасочат овие пар

  • Од она што досега го имаме акумулирано како проблем е застарената водоводна мрежа, но не се исклучува можноста да се разгледаат и некои други проблеми кои се од суштинско значење за нашиот град-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

    • Тоа што е суштинско, водоводот и снабдувањето со вода треба да се прифати, затоа што праксата покажа дека се што се чека, е лоша пракса – изјави Данче Калајџиска, Еколошко друштво „Виножито“- Штип.

Доколку се донесе решение за пренамена на средствата, граѓаните мора позитивно да се изјаснат на референдум. 

  • Тој референдум би бил во можност да се спроведе заедно со парламентарните избори, кога и да се случат и на тој начин да се постигне посакуваниот цензус, а општината да нема дополнителен трошок за избирачки комисии и дополнителни средства за организирање на еден таков референдум- изјави Јорданов

Примарната водоводна мрежа во некои делови од градот е постара од 50 години, поради што има чести дефекти и рестрикции во водоснабдувањето.