Македонија
4. February 2021 - 12:42

Штип пред сообраќајна блокада

Граѓаните и бизнис секторот со петиција до штипската локална власт против намерата за пренасочување на целиот сообраќај од југо-истокот на земјата низ градските улици. Имено, поради проширувањето на коловозот на потегот од Три Чешми до мостот на р. Брегалница и спојување со експресниот пат Штип – Радовиш, ЈП за Државни патишта планира сите моторни возила, во следните 6 месеци додека трае реконструкцијата на обиколницата да сообраќајот низ еден дел од градот. Тоа ќе создаде тотална блокада на градот, затоа што тешки моторни возила од Струмица и Радовиш кои носат стоки кон Скопје и во обратен правец, ќе  треба да минуваат низ тесните градски улици, но што е уште поважно и низ индустрискиот дел од градот, кога работниците одат и се враќаат од работните места. 

-Ќе биде огромен проблем за нашата општина заради тоа што тоа се два излези (од градот) кој вклучуваат и трет излез кон Кочани и буквално со пренасочувањето на сообраќајот од нашата општина ќе направи сообраќаен метеж- изјави Сашко Николов - Градоначалник на Штип.

Николов додаде дека веќе 10 дена се во интензивна комуникација со Министерствто за транспорт и врски, МВР и јавните прептријатија за изнаоѓање на алтернативно решение.

-Мислам дека ќе наидеме на разбирање од инситуциите и ќе го добиеме најдоброто решение, како за нашите граѓани, така и за јавните претпријатија кои ги градат патиштата во нашата држава.-изјави Николов

Дополнителен проблем претставуваат старите куќи долж трасата, кои се заштитени како културно наследство, но се склонопадни. Доколку покрај нив минуваат камиони тешки над 10 тони има голема опасност од нивно рушење, што може да има кобни последици.