Македонија
2. јуни 2021 - 12:25

Штипското медицинско училиште ги очекува новите ученици

Од следната учебна година, покрај 4-те стандардни насоки, медицинска сестра, фармацевтско-лабораториски, забен и физеотерапевтски техничар, штипското СОУ „Јане Сандански“ за идните средношколци воведува и нов профил.

- Медицински санитарен лабораториски техничар, што е особено интересен имајќи ја во предвид пандемијата која што не зафати во овој период, изјави Маја Гичева, директор на СОУ „Јане Сандански“ - Штип.

Првиот уписен рок е закажан за 14-ти јуни и има 834 слободни места за упис на новите медицинари.

- Нудиме атрактивни профили кои се се уште потребни на општеството. Ќе создадеме квалитетни кадри кои веднаш ќе бидат подготвени за пазарот на трудот, што е една од целите на современите текови на средното образование, додаде Гичева.

Периодот додека се одвиваше он лајн наставата беше искористен за реконструкција на санитарните јазли и кабинетот за изведување практична настава по фармацевтски и хемиски предмети, а набавена е и нова опрема за смерот фармација. За оваа намена општината одвои близу 3 милиони денари.