Си-ен-ен: Се урна безбедносна комуникациска мрежа на американската НСА

Високо доверливата мрежа за внатрешна комуникација што ја користи американската Агенција за национална безбедност (NSA) е нефункционална, објави Си-ен-ен денеска, повикувајќи се на пет лица запознаени со ова прашање.
Агенцијата се обидува да го утврди обемот на проблемот, но нема непосредни докази за кибернапад, објави Си-ен-ен.
НСА сè уште не одговорила на барањето коментар за наводниот системски пад.
Ројтерс сè уште не може да го утврди обемот или времетраењето на прекинот.
Извештајот доаѓа во услови на растечка загриженост поради низа технички проблеми, особено грешките што минатата недела го заземјија воздушниот сообраќај во САД и предизвикаа пад на е-поштата на „Мајкрософт“ (Microsoft).
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го минимизираше прекинот во комуникацијата, велејќи дека ваквите проблеми се неизбежни.
„Овие работи се случуваат“, им рече Трамп на новинарите во Манила кога беше прашан за прекините, „Во ред е“.
МИА
Ново на Сител
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
