Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените, како и до полскиот народ, по нападот во Краков, којшто во својата реакција го осуди како терористички чин.
Во објава на социјалната мрежа Икс, таа изрази длабока тага поради трагедијата во која загинале невини луѓе, а повеќе лица биле повредени.
- Во овие тешки моменти, македонскиот народ стои во целосна солидарност со Полска. Ја споделуваме вашата болка и упатуваме најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија - порача Сиљановска-Давкова.
Претседателката Сиљановска-Давкова нагласи дека во име на македонските граѓани упатува поддршка до полскиот народ и го осудува насилството во кое беа одземени човечки животи.
Во нападот што се случи на 7 ноември во центарот на Краков загинаа шест лица, а најмалку 15 беа повредени.
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против 24-годишниот Михал Окшински за убиство на шест лица врз кои пукал со автоматско оружје на главниот плоштад во тој град, како и за убиство на три лица во семејниот стан во градот Островјец Швјентокшиски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
