Силно заладување на Балканот: Хрватска под црвен метеоаларм, Србија и БиХ со предупредувања за снег и невреме

Силна промена на времето проследена со нагло заладување, олујни ветришта и снежни врнежи денеска го зафати регионот, предизвикувајќи активирање на системите за итно известување и серија метеоролошки предупредувања во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.
Во Хрватска, граѓаните низ земјата утрово во шест часот добија итни СМС-пораки преку системот СРУУК (SRUUK) со кои се повикуваат на претпазливост. Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) прогласи црвен метеоаларм за северниот Јадран и планинските предели поради орканска бура и обилни врнежи.
На планините веќе се создава дебела снежна покривка, додека на Јадранот дува силна бура со оркански удари. Температурите во внатрешноста се движат меѓу 3 и 7 степени, додека на крајниот југ е нешто потопло, но со силни грмежи и олујно југо.
Во Босна и Херцеговина, денеска владее умерено до претежно облачно време со дожд кој најпрвин ја зафати Краина, а во текот на денот ќе се прошири во останатите подрачја. На планините и повисоките делови веќе паѓа лапавица и снег. Ветерот е умерен до силен со повремени олујни удари од јужен правец, но се очекува попладнево да ослабе и да ја промени насоката кон запад.
Во Сараево температурите се движат околу 8 степени, а кон крајот на денот врнежите ќе преминат во лапавица.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде посебно предупредување за обилни врнежи кои се очекуваат од утре (петок) до недела. Се прогнозира дека во период од 72 часа ќе наврнат од 40 до 80 литри дожд на метар квадратен, додека на планините се очекува нов снег со висина од 10 до 30 сантиметри.
Постепеното наоблачување во Србија започнува попладнево од западните делови (Бачка, Срем, југозападна Србија), а во текот на ноќта ќе се прошири низ целата земја со нагол пад на температурите и премин на дождот во снег на планините.
Метеоролозите во целиот регион предвидуваат дека петок ќе биде најнеповолниот ден со многу силен ветер и зголемување на снежната покривка во планинските масиви. Постепено смирување на времето се очекува в недела, во вториот дел од денот, со zapirawe на врнежите и благ пораст на температурите од почетокот на следната недела.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ бара бадентер во Уставен – за Гаши тоа не е табу тема
-

Кујната во РЕК Битола затворена – Над сто работници со симптоми на труење со храна
-

Заловени македонски бикови кои влегле во Бугарија
-

Од утре започнува целосна реконструкција на Платежната агенција – вработените таму треба да се преселат до крајот на годината
-

Минчев од Брисел: Работиме на реформите за ЕУ, но и на заштита на македонскиот идентитет
-

Меланија Трамп се прошета со хуманоиден робот
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – опозцијата обвинува за економска криза, власта тврди дека се превземаат мерки
