Сител сторија: Прво странски искуства и дебата, па ќе одлучиме дали посвоените деца можат да си го знаат потеклото
Министерството за труд и социјала ја разгледува иницијативата на граѓанското здружение “Клик акција” со која се бараат измени во законот за семејство во делот на посвојувањето, односно посвоените деца да можат да си ги знаат биолошките родители. Од МТСП потенцираа дека пред да го кажат ставот за оваа иницијатива ќе организирале дебати со стручни лица.
- Потребно е да се направи проценка на влијанието на измена на регулативата во однос на посвоените деца, во кој процес треба да се обезбеди релевантно експертско мислење на научната и стручната јавност, како и компаративна анализа со регулативата на другите земји, стои во краткиот писмен одговор од министерството за труд и социјала.
Од граѓанското здружение бараат да се измени членот 123 А од законот за семејство и посвоеното дете на определена годишна возраст да има право на увид во матичните книги на родените и другата евиденција за да го дознае своето потекло. Овие информации засега во земјава се класифицирани како службена тајна и затоа стотици деца преку социјалните мрежи трагаат по биолошките родители, но има и мајки кои си ги бараат децата кои ги родиле и ги дале на посвојување. Од здружението се решени да одат до крај и доколку не наидат на разбирање во државата ќе се жалат пред судот во Стразбур.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
