Скопјанец објавувал туѓи серии и филмови на Фејсбук, заработи кривична

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.К (46) од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 - б од Кривичниот Законик.
Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страната емитувал ексклузивни авторски права на тв серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор.
Согласно пријавата од телевизиската куќа доставена до ОЈО Скопје, пријавениот ги сторил кривичните дела на начин што преку својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук, како администратор на Фејсбук страната, меѓу другите објавени серии, филмови и документарци, објавувал и епизоди од серијата за кои не поседувал авторски права.
Постапувајќи по Наредба од ОЈО Скопје, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР спроведе истрага во рамки на која го повика пријавеното лице на информативен разговор и привремено одзеде електронски уред во негова сопственост, а по извршена форензичка анализа врз истиот, се потврдија наводите од пријавата и од исказот што го даде пријавениот во информативниот разговор.
Ново на Сител
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
