Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики

Посебна и емотивна прослава, прв роденден на малиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина – најавија денеска од установата на „Фејсбук“.
-Приказна што почна тешко, но заврши со надеж, љубов и среќен крај. Мики како бебе, на возраст од неколку месеци, беше отфрлен од мајката и се соочи со сериозни повреди на главата и епилептични напади. Во овие најкритични моменти неговиот живот зависеше од човечка грижа, посветеност и борба. Нашата зоонегувателка Зера 24 часа дневно беше покрај него, со мала помош од колешките дадилки, без ниту еден момент да остане сам. Со многу љубов, трпение и стручна грижа, Мики денес е здраво, активно и разиграно младо гибонче – пишува во објавата.
Преку прославата, како што посочуваат, сакаат да ја споделат неговата инспиративна приказна со јавноста, но и да потсетат оти гибоните се загрозен вид, кој има потреба од заштита.
-Истовремено, сакаме јасно да укажеме дека мајмуните не се домашни миленици, а човечката грижа во случајот на Мики беше единствена шанса за негов опстанок. Овој настан е и можност да им оддадеме искрено признание и благодарност на сите што беа дел од неговото спасување, но најмногу на нашата колешка Зера за нејзината неверојатна пожртвуваност, како и на целиот тим, кој учествуваше во неговото лекување, рехабилитација, социјализација и секојдневна грижа – се додава во објавата.
Зоолошката градина ги повикува заинтересираните да го запознаат Мики, кој сега бил успешно ресоцијализиран и живее заедно со својата сестра Делфина.
-Се гледаме кај летниковецот пред мајмунарницата в четврток во 12 часот – порачаа од Зоолошката.
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
