Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот.
- Вчера во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци-село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода В.А., на возраст од 65 години од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот, соопштија од Секторот за внатрешни работи - Велес.
По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.
- Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, истакнаа од СВР - Велес.
МИА
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила