Сончево и топло, попладне услови за дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.
МИА
Ново на Сител
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК