Сопствениците на имот повторно го блокираат патот кон Берово
Сопственците на имот и шуми во заштитеното подрачје „Малешево“, трет пат во една недела го блокираат Берово. Револтирани се што нема конкретен одговор од институциите за нивното барање, да продолжат и понатаму да ја експлоатираат дрвната маса од нивните шуми и да си го обработуват земјоделското земјиште како и досега.
-Не е возможно уставна загарантирана сопственост на нашите имоти, без наше знаење, без наша дозвола и без наша информираност, на илегален начин, а не транспарентен начин на водење на постапката за заштитен предел, да бидат вклуечни во заштитен предел, изјави Бранко Скендерски, жител на Берово.
-Нека си го заштитат државното, во приватното да не се мешаат, за после да ни кажуваат каков компир да садиме, со што да го прскаме. За тоа се зафркнале- изјава жител на Берово.
Поради блокада на патот кој води кон езерото, туристите кои планирале Велигден да го поминат во Берово, не можеа да пристигнат на резервираните дестинации во хотелите и викендиците.
- По патот дознав дека ќе има протест, причината не ја знам. Што да ви кажам, збунети сме многу-изјави посетител од Скопје.
- Дел од мојата фамилија е веќе на Абланица, имаме таму камп. Вториот дел од фамилијата чекам да пристигнат од Скопје и сега ми јавија дека заради протестот мора да застанат тука, па јас ќе ги преземам со куферите, па ќе ги однесам на Абланица-изјави посетител од Скопје.
Беровачни побараа гостите да имаат разбирање, зашто ова е единстен начин да си ги остварат своите права врз сопствените имоти.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар