Македонија
14. April 2022 - 19:50

Сопствениците на имот во Малешевијата на протест поради воведувањето заштитено подрачје

Сопствениците на приватни шуми и имоти од Малешевијата, на 3 часа го блокираа влезот на Берово. Револтирани се што нивните приватни недвижни имоти се опфатени во заштитеното подрачје „Малешево“, што значи дека веќе 4 месеци не можат да ги користат и обработуваат. Со ова се доведува во прашање егзистенцијата на над 1500 семејства, но тие велат дека се засегнати сите жители.

  • Не е проблемот дека се засегнати 1,2 , 10 или 100 души, буквално сите Малешевци егзистираат или од земјоделство или од шумарство, изјави Димитар Механџиски, жител на Берово

Во општината работат неколку пилани, но не можноста за искористување на шумите ги остави без суровини, а работниците без работа.

  • Берово нема друго природно богатство, тоа се само шумите. Нема ниту голема индустрија. Три месеци, луѓето кои инвестирале во пилани, во примарна преработка се без сировина, а даваат плата, се нижат давачките-Стојан Арменски, жител на Берово. 

Бараат општината и Владата да ја поништи одлуката, со која 11 000 ха се прогласени за заштитено подрачје, а 70% се во приватна сопственост.

  • Затоа што е нетранспарентна, измамени се, не се правилно информирани, катастерските приватни парцели не се земени во предвид, нитиу сопствениците, а и самата студија за ревалоризација тоа го кажува, таму тоа го пишува-изјави Бранко Скендерски, жител на Берово.

Најавија дека ќе протестираат се додека не им биде исполнето барањето, зошто не се против зачувување на природата, туку да си овозможат основна егзистенција.