Специфични велигденски празнувања во Македонски Брод
Македонски Брод ги има двата најинтересни и најуникатни обичаи за одбележување на Велигден во Македонија. И двата се случуваат на вториот ден од овој најголем христијански празник. Едниот е наречен „Покрсти“, кој што е црковен обичај, а другиот „Велигденски Кули“ или народниот обичај.
Денот започнува со обичајот „Покрсти“. Се прави Литија од голем број граѓани кои одат на сите 4 страни од градот и во дабови дрва прават крст, на средината од него со сврдел со отвора дупка каде свештеникот става леб и вино и потоа истата се запечатува.
„Правејќи крст на одредени дрва и отвораме еден отвор каде што ставаме леб и вино кор го симболизира Христовото тело и крв. Потоа тој отвор се запечатува како што бил запечатен и гробот Христов“, вели отец Саше Костадиноски, архиерејски намесник.
Потоа во дворот на градската црква се одржува Велигденски концерт со гости од цела Македонија, по што следува исто така уникатниот обичај „Каленчица“.
„Каде што учесниците од КУД „8 Септември“ под марами ќе го направат величествениот шпалир каде целото население што во моментот е во дворот на црквата за бериќет, здравје, среќа ќе треба да се протнат под тие марами, а учесниците ќе ја пеат песната Каленчица, кален број мален број“, изјави Милена Стојческа, етнолог и директорка на Домот за култура во Македонски Брод.
Потоа се формираат „Кули“ кои тргнуваат од црквата и се движат до т.н. „Средсело“ или цетарот на стариот Брод. Тие го симболизираат османлиското 5 вековно ропство. Инаку според преданиеито овој ден со пари бил откупен од султанот за да може жителите на Брод да го слават.
„Кулите се 2 ред, 5 долу, 5 горе. Долните ќе бидат како што се договориле,Турците, а долните ќе бидеме ние. Демек доста тие не газеа, сега ние да ги прегазиме малку“, вели Добривој Силјановски, жител на Македонскии Брод.
„Какво е чувството кога ќе го изодиш целиот овој пат?
-Патот на слободата го одиме едноставно, за кој се бореле нашите предци, што на овој ден бил откупен со злато од богатите мештани“, рече Горан Грујоски, учесник на манифестацијата „Велигденски Кули“.
-„Многу убаво чувство, подобро не може да биде. Се одржува традицијата се уште, ова е единствена манифестација во Македонија и се надевам дека ќе остане и уште повеќе да се негува“, додаде Славе Блажески, учесник на манифестацијата „Велигденски Кули“.
Чествувањето на празникот потоа продолжува со македонски песни и ора.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар