Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка

Резултатите од експедицијата „Врело 2026“ во подводната пештера Врело на кањонот Матка, при што се постигнати три нови светски рекорди, ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција во базниот камп на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ на Матка.
Од клубот информираат дека експедицијата е завршена и дека се постигнати нови светски рекорди во три категории: во најдлабоко истражена пештера од човек, во најдлабоко нуркање во пештера и во длабинско нуркање на отворени води.
Точната достигната длабочина и сите детали од истражувањето, како што наведуваат од клубот, ќе бидат објавени на прес-конференцијата што ќе се одржи во 9 часот во базниот камп на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ на Матка.
Експедицијата „Врело 2026“ се одржуваше од 10 до 17 октомври во подводната пештера Врело на Матка, со цел да се надмине досегашниот рекорд и да се истражат длабочини поголеми од 300 метри.
Пештерата Врело досега беше предмет на повеќе значајни истражувања. Италијанскиот нуркач Луиџи Касати достигна длабочина од 212 метри, полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски 242 метри, додека во 2025 година полскиот нуркач Бартломиеј Питала со својот тим достигна 287 метри со кои пештерата во моментов е рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот, по Фонт Естрамар во Франција (312 метри) и Елефанте Бјанко во Италија (292 метри).Резултатите од експедицијата „Врело 2026“ во подводната пештера Врело на кањонот Матка, при што се постигнати три нови светски рекорди, ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција во базниот камп на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ на Матка.
Од клубот информираат дека експедицијата е завршена и дека се постигнати нови светски рекорди во три категории: во најдлабоко истражена пештера од човек, во најдлабоко нуркање во пештера и во длабинско нуркање на отворени води.
Точната достигната длабочина и сите детали од истражувањето, како што наведуваат од клубот, ќе бидат објавени на прес-конференцијата што ќе се одржи во 9 часот во базниот камп на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ на Матка.
Експедицијата „Врело 2026“ се одржуваше од 10 до 17 октомври во подводната пештера Врело на Матка, со цел да се надмине досегашниот рекорд и да се истражат длабочини поголеми од 300 метри.
Пештерата Врело досега беше предмет на повеќе значајни истражувања. Италијанскиот нуркач Луиџи Касати достигна длабочина од 212 метри, полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски 242 метри, додека во 2025 година полскиот нуркач Бартломиеј Питала со својот тим достигна 287 метри со кои пештерата во моментов е рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот, по Фонт Естрамар во Франција (312 метри) и Елефанте Бјанко во Италија (292 метри).
МИА
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
