Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма. Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа.
Во моментов околу просториите на Радио телевизија на Србија во Белград се наоѓаат голем број полицајци. Сите приоди до студиото на РТС и во Кошутњак се блокирани од полицијата, а во дворот има полициска бригада во опрема за разбивање демонстрации.
Во рамки на медиумската блокада, демонстрантите им дозволуваат само на вработените да излезат, но не и да влезат во зградата. Имаше кратки судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кои е повреден еден полицаец, соопшти МВР. Тие додадоа дека органите на редот нема да интервенираат против демонстрантите кои ги блокираат влезовите во зградата доколку не дојде до насилно преземање на јавните институции и јавните медиуми.
Блокади беа организирани и пред Радио-телевизија Војводина и Телевизија Крагуевац.
Протестите почнаа откако новинарка на РТС ги оквалификува студентите во блокада како – „орда“ (rulja).
„Вечерва водителка на РТС не нарече орда. Затоа вечерва ја блокираме зградата на РТС. Без насилство, без упади. На сите вработени ќе им биде дозволено да ја напуштат зградата – но никој не влегува“, најавија студентите на Медицинскиот факултет во Белград.
Радио телевизија на Србија објави дека блокадата на нивната зграда е во целосна спротивност со претходните изјави на студентите во блокадата дека се залагаат за слободно функционирање на институциите.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња
-
Од 12 октомври нови правила за влез и излез во ЕУ и за Македонците – регистрација на граница со отисок и фотографија
-
Македониумот под вода, Љутков најавува реконструкција