Стартот на „Безбеден град“ се одложува - системот ќе профункционира на 1 февруари
Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ потврдило дека системот „Безбеден град“ за автоматско снимање и казнување сообраќајни прекршоци ќе почне да функционира на 1 февруари 2026 година.
Мрежата од камери и системот за читање регистарски таблички веќе се тестираат во Скопје, Тетово и Куманово, како и по коридорите 8 и 10. Иако првично беше најавено дека казните ќе започнат од 1 јануари, по периодот на СМС-опомени надлежните одлучиле датумот да биде одложен.
Од МВР велат дека потребата од дополнителни технички проверки и усогласување со законските процедури за електронско казнување е причината за новиот термин.
„Системот Безбеден град ќе стартува на 1 февруари 2026 година и ќе биде активен во Скопје, Тетово, Куманово и по коридорите 8 и 10“, наведуваат од Министерството.
Исто така, се разгледува опција да се воведе толеранција при мерењето брзина, што би значело дека возење неколку километри над дозволеното во градска зона нема веднаш да резултира со казна.
Од МВР истакнуваат дека главната цел на проектот е превенција и намалување на сообраќајните несреќи, а не масовно казнување на возачите.
Ново на Сител
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
