Стопанската Комора со предлог: Зелените пазари да се искористат за зелена енергија
Зелените пазари да се користат како извор на енергија, предложија од Стопанска комора на работната средба со дел од раководните лица на пазарите во Македонија. Кровните конструкции на овие пространи објекти, се идеални за поставување на сончеви колектори, кои ќе обезбедат додадена вредност за претпријатијата кои управуваат со нив.
„Она што е актуелно последниве 2-3 години, а ние со зелените пазари (како потенцијал) го гледаме изминативе 10 години, е како да се искористат крововите на зелените пазари за производство на електрична енергија, кое што станува сега се поатрактивно со енергетската криза, изјави Даниела Михајловска-Василевска, Стопанска Комора на Македонија.
За реализација на инвестицијата мора да има тесна и координирана соработка со локалните самоуправи, како нивни основачи и сопственици. Во делот на генерирање на приход, сериозен проблем е нелојалната конкуренција или сивата економија која се јавува околу зелените пазари и од која штета трпат и легалните трговци.
Закупците на тезги што се внатре во пазарите, во главно се физички лица или компании кои плаќаат данок, бидејќи, согласно Законот за вршење на дејност не може да биде закупец на тезга некој што не е регистриран даночен обврзник, додаде Михајловска-Василевска.
Градските пазари се „огледала“ на градовите, зашто не ретко се посетувани од туристите. Затоа, додава Михајловска, постојано мора да се работи на нивно инфраструктурно одржување и да се води сметка за хигиената.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар