Струмичката пожарна доби ново возило за непристапен терен
Во иднина струмичките пожарникари ќе може да интервенираат и на терени на кои до сега нивните возила не беа во можност да пробијат. Преку проект финансиран од Европската унија противпожарната единица доби ново специјализирано теренско возило за гаснење шумски пожари, противпожарни одела, но и опрема за реакција во случај на поплави. Опремата е набавена како дел од прекуграничната соработка помеѓу општините Струмица и Петрич во рамки на проектот „Заштита на локалното население од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот“ вреден 119 илјади евра.
Од противпожарната велат дека новата опрема е многу значајна бидејќи со неа ќе се олесни секојдневното функционирање на единицата.
Како дел од проектот, следниот месец треба да се одржи и заедничка обука на пожарникарите од Струмица и Петрич, а се подготвува и едукативна брошура наменета за едукација на учениците од основното образование. Независно од овој, во тек на реализација се уште два проекти финансирани од ЕУ преку кои за струмичката противпожарна единица ќе бидата набавени уште едно возило, опрена и заштитни одела за пожарникарите.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
