Македонија
27. March 2021 - 21:16

Струмичките актери подготвија перформанс за оставка на министерката за култура

На светскиот ден на театарот актерите од Струмица подготвија перформанс за оставка на министерката за култура. И порачаа дека таа била натрапник во министерството, како што бил натрапник и фискултурецот што го поставила  за директор на културна институција. За струмичките актери министерката ја жртвувала културата водена од свои политичко-партиски и кариеристички цели! Наместо ослободување на институциите во културата од политичко влијание, министерката спроведувала најгруба политичко-партиска окупација на истите.

Според актерите министерката се ставила во одбрана на партизацијата и корупцијата без да ги  почитува ниту стратешките принципи на министерството, ниту професионалните и етичките начела.

Носителите на дејност во струмичкиот театар најавуваат дека ќе се борат се додека не бидат исполнети нивните барања и додека не победела правдата, професионалноста и етиката.  Тие протестите ги започнаа пред околу два месеци откако министерството за култура на позицијата директор на центарот за култура назначи професор по физичко образование. Во знак на протест ја  формираа и иницијативата Култура или Фис култура која беше поддржана од над 300 културни работници од целата држава.