Студено, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд

Синоптичарите за денеска најавија ведро и студено утро, а преку денот, времето да биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Најавен е слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје, се очекува сончево и постудено време со мала до умерена облачност. Најавен е слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни - над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
