Студено утро со минусни температури, попладне дожд и снег на повисоките места

Утрово во Македонија се измерени многу ниски минимални температури, при што најстудено беше во Берово со -13 степени. Во Скопје-Петровец и Струмица се измерени -11, во Битола -10, а во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија температурата се спушти до -9 степени.
Во Штип, Демир Капија и Кавадарци утрово се измерени -8 степени, -7 во Охрид, -6 во Попова Шапка, -5 во Претор, Виница и Kрушево, како и -4 Mаврови Анови.
Во текот на денот, како што соопшти УХМР, времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремени сончеви периоди. Попладне, претежно во западните делови, се очекува појава на повремен локален дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено, со умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 3 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
