Сузбиена криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти.
Имено, при преземање на мерките, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца.
Истиот ден, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и 15-годишник., сите од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“ по член 418 -а и 418-б од Кривичниот законик.
Имено, пријавените во неколку наврати прифатиле, во улога на водичи илегално пренеле и засолниле група од илегални мигранти од Грција до камповите.
Откако ги сместувале во импровизираните кампови, З.Х. и Џ.Д. со употреба на сила и закана од лицата изнудувале парични средства со цел да им овозможат нивно понатамошно префрлување на територија на Србија, а со крајна дестинација земјите од Европската унија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
