Свечени литургии во сите православни храмови - Коледарите и бадниковите поворки го најавуваат Божик
Коледарите уште од изутрина го најавија Христовото раѓање. Бадникарската песна „Вечниот Бог“ се пееше и пред домот на претседателот.
Семејството Иванови на децата им подарија пакетчиња.
- Дозволете ми од името на моето семејство, од името на нашите денешни гости, да ви го честитаме Божик и Бадник. Нека Христовата светлина влезе во секое христијанско семејство, нека ви донесе многу радост, среќа и здравје, убавини, мир, благосостојба, многу љубов - изјави Иванова.
Годинава над 7000 деца во 25 градови беа дел од најголема и најрадосна манифестација “Бадникови поворки 2018”. Во Скопје од 3 позиции околу пладне пристигнаа пред Соборниот храм.
Божиќна честитка до поглаварот на МПЦ и до сите христијани испратија и политичарите.
-Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и да се сплотиме околу трајните вредности. Ова е можност да градиме човечно, солидарно и праведно мултиетничко општество во кое ќе владеат праведни закони, стои во честитката од претседателот Ѓорѓе Иванов.
-Празнувањето на Божик нека ни биде причина за неминлива радост, за да ја споделуваме со сите, во сите наши претстојни предизвици.Честито Рождество Христово! Христос се роди!“, се вели во писмото со честитки од Премиерот Зоран Заев.
-Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот, потребен е разум и меѓусебно почитување, да постои наптревар во правење на добри дела за граѓаните, пишува во честитката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
