Свети Николе најавува градежно лето
Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев најавува градежен „бум“ во општината од почетокот на идната недела. Ќе се работи на реконструкција на улици и патишта, уредување на детски игралишта со нови содржини, како и изградба на улицата во индустриската зона. Со ова, смета Владев, ќе се подобри квалитетот за живот и работа на граѓаните во Свети Николе и околните села.
- Идустриската зона која што беше еден „чир“ на општина Свети Николе, каде 15 години не беше пипнато ништо, а имаше доста реакции од стопанствениците кои работат таму, ќе започнеме со дренажа и тампонирање на улицата, изјави Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе.
Од Министерстото за животна средина добија зелено светло за искористување на 1 милиони евра за изградба на канализациска мрежа во село Мустафино.
- Во 21 век зборуваме за канализација. Цело Мустафино ќе добие модерна канализација и ќе се поврзат сите домаќинства, додаде Владев.
Со 25 милиони денари пари од Светска банка ќе се асфалтираат и уредат улиците во новата населба. Ќе се работи и на уредување на речното корито и градскиот парк.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар