-->
-->
Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-->

Татко и син утрово се застрелани, а трето лице се здоби со тешки повреди опасни по живот во шумска област во близина на норвешкиот град Халден, објави новинската агенција НТВ.
Жртвите, пренесува ДПА, се маж на возраст од седумдесетина години и неговиот син на возраст од четириесеттите години, а двајцата наводно биле дел од група ловци.
Полицијата на самото место уапсила маж на возраст до доцни дваесетти години, кој е обвинет за убиствата, пренесува германската агенција.
Според полицијата, осомничениот не бил дел од групата ловци, пренесе норвешката агенција.
Напаѓачот наводно бил совладан од сведоците на настанот, кои го задржале до пристигнувањето на полициските службеници, пренесува ДПА.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
