Таткото на Меган Маркл официјално обвинет за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца

Таткото на војвотката од Сасекс е официјално обвинет од голема порота во Лос Анџелес по две точки од обвинението за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца, покажуваат судски документи.
Според поднесокот во Калифорнија, Томас Маркл Постариот свесно поседувал негативи од 35-милиметарски филм кои содржеле детска порнографија, пренесе ДПА.
Се очекува тој да се појави пред судот во Лос Анџелес во наредните недели.
Маркл Постариот беше приведен од агенти на ФБИ на 6 ноември, откако тие запленија голема количина материјали од два магацински простора во Лос Анџелес што тој ги изнајмувал речиси две децении.
Тој стана предмет на истрага откако минатиот месец беше пријавен во полицијата на Филипините и во ФБИ од страна на неговиот син, Томас Маркл Помладиот, кој наводно пронашол нелегални фотографии во работите на својот татко во градот Себу.
Маркл Помладиот за весникот „Сан“ изјави дека им дојавил на властите за магацинските објекти во Лос Анџелес.
Неговиот татко моментално се наоѓа во притвор во Флорида.
Откако првично беше пуштен со условна кауција, 82-годишникот беше повторно приведен само неколку дена подоцна, откако ја отстранил својата алка за електронски надзор.
По извршената психијатриска проценка, тој е прогласен за способен да му се суди.
Докторката која ја извршила евалуацијата изјавила дека, според нејзино мислење, тој „симулира бидејќи претерува со наводното отсуство на сеќавање или разбирање на обвиненијата со цел да избегне кривично гонење“.
Прегледот го нареди судија од Флорида по неговото апсење претходно овој месец.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
