Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата

Нестабилната безбедносна ситуација во источно Демократска Република Конго (ДРК) е најголемата пречка за сопирање на епидемијата на ебола во оваа земја, изјави доцна синоќа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, јави ДПА.
Само во текот на изминатиот месец околу 100.000 лица се дополнително раселени поради борбите во земјата, што го отежнува сопирањето на болеста, рече Тедрос, кој отпатува во градот Бунија во покраината Итури, регионот од ДРК што е најтешко погоден од најновата епидемија, пренесе германската агенција.
Шефот на СЗО ги повтори повиците за прекин на огнот и апелираше до меѓународната заедница да ја зголеми финансиската поддршка, за да можат здравствените работници да добијат потребна опрема и помош.
Тедрос додаде дека СЗО работи со партнери и институции за да ги забрза клиничките испитувања за третмани, иако сè уште може да поминат месеци пред тие да станат достапни, пренесува ДПА.
Во моментов нема одобрена вакцина или третман за сојот Бундибугио на ебола што моментално циркулира во регионот. Затоа, здравствените власти можат да ги прекинат синџирите на пренос само со лекување на заразените лица под строги безбедносни мерки и осигурување дека нивните контакти ќе бидат изолирани три недели.
Актуелните борби им отежнуваат на заразените лица ефикасно да се изолираат. Провинцијата Итури, исто така, е средиште на густо населени рударски заедници, што го зголемува ризикот од пренос на заразата, пренесува ДПА.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
