Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води

Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.
Портпаролот на иранското министерство, Саман Годуси, ги нарече изјавите на Бесант „психолошки трик“ и нагласи дека Иран во моментов нема нафта складирана во меѓународни води или вишок количини наменети за други пазари.
„Целта на тие коментари е да се охрабрат купувачите и да се влијае на расположението на пазарот“, рече Годуси.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги укина санкциите за офшор купувања на иранска нафта за 30 дена, нагласувајќи дека тоа ќе ослободи околу 140 милиони барели на глобалните пазари и ќе го намали притисокот врз снабдувањето со енергија предизвикан од војната меѓу САД и Израел против Иран.
Сепак, аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормутскиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен.
Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.
Администрацијата – со објава за укинување санкции – го стори тоа за руска нафта.
МИА
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
