Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
Снимка каде што се гледа физичка пресметка помеѓу две лица, од кои едното држи секира, беше објавена од случајни минувачи. Според неофицијални информации, инцидентот се случил синоќа во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица, ова се гледа на фб струмица он лајн.
На видеото се гледа дека едно од лицата замавнува со секира, додека друго возвраќа физички, а во обид да ги раздвои се вмешува и жена која се наоѓала меѓу нив. Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.
Покрај снимката, на социјалните мрежи се појавија и коментари кои тврдат дека овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем, поврзан со лица кои агресивно просат во центарот на градот, вознемируваат минувачи и вклучуваат деца во собирање пари.
Во моментот не е познато дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали надлежните институции презеле мерки.
Граѓаните бараат поголема безбедност и надзор во централното градско подрачје.
Ново на Сител
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор