-->
-->
Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе
-->

Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе.
Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир.
На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. Во Кју Гарденс се измерени 35,1 степени Целзиусови, а во Бјут Парк во Кардиф измерени се 32,9 степени. Додека вчера највисоката температура од 24,7 степени беше измерена во Буши Парк во Ричмонд на Темза.
Метеоролозите за денеска најавуваат пад на температурите и невреме.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
