Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски остварил работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која била потврдена одличната соработка меѓу двете земји и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување.
На средбата, како што соопшти Тошковски на социјалните мрежи, се разговарало за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, како и за зајакнување на размената на оперативни информации и заедничкото полициско дејствување.

- Австрија е наш значаен и доверлив партнер, со кој соработуваме и преку европски проекти и иницијативи за јакнење на владеењето на правото, модернизација на полицијата и подобрување на граничната безбедност. Безбедносните предизвици не запираат на државните граници, затоа и нашиот одговор мора да биде заеднички, навремен и одлучен - напиша Тошковски.
Министерот Тошковски во објавата посочува дека ќе продолжат да го зајакнуваат партнерството со Австрија, со конкретна цел за посилна македонска полиција, побезбедни граѓани и поголем придонес кон заедничката европска безбедност.
МИА
Ново на Сител
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
