Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница
Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА директорот на болницата, Владимир Бунчески.
Причините за смртта, според него, треба да ги покаже обдукцијата.
Во полициската станица во Струга, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, утрово во 8 часот и 30 минути било пријавено дека на детското одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струга, од страна на родителите од струшко село, било донесено нивното двомесечно бебе, без знаци на живот.
- Од страна на медицинска екипа, било пристапено кон реанимирање по што, доктор педијатар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, врз телото, лекар од судска медицина извршил обдукција при што, не се констатирани траги на насилство. Полициски службеници од ОВР Струга, извршија разговори со родителите, а потоа и увид во нивниот дом, изјави Димоски.
Ново на Сител
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот