Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да ја отстрани „руската закана“ по Гренланд и оти сега е време за тоа.
– Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години и кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не можеше да направи за тоа прашање, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).
Трамп тврди дека поради националната безбедност и засиленото присуство на Русија и на Кина на Арктикот, САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд. Тој најави дека од 1 февруари ќе воведе царини за осум европски држави, што ќе бидат во сила додека „не биде склучен договор за целосна и комплетна продажба на Гренланд“. Трамп најави и дека царините би можеле да се зголемат и до 25 проценти од 1 јуни.
Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија во вчера објавената заедничка изјава наведоа дека таквите чекори ги поткопуваат трансатлантските односи. Исто така наведоа оти како членки на НАТО се посветени на зајакнување на безбедноста на Арктикот како заеднички трансатлантски интерес.
На синоќешниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер), според дипломатски извори, е договорено ЕУ да не презема „одмазднички мерки“ на најавените американски царини „најмалку до февруари“. На состанокот на Корепер била разгледувана и опцијата за активирање на „инструментот против принуда“ кон САД, кој предвидува ограничување на увозот на стоки и услуги во ЕУ. Овој инструмент на ЕУ досега никогаш не бил користен.
МИА
Ново на Сител
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
