Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации

Соединетите Американски Држави, во сенка на војната со Иран, спроведуваат еден од најзначајните пресврти во својата надворешна политика во последните децении, повлекувајќи се од голем број меѓународни организации и институции, посочува Хина.
По повлекувањето од Светска здравствена организација на почетокот од неговиот втор мандат, претседателот ДоналдТрамп потпиша одлуки за повлекување на САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела, меѓу кои 31 поврзани со Обединети нации и 35 надвор од тој систем.
Образложенијата на Белата куќа за таквите потези беа дека голем дел од тие институции дејствуваат спротивно на националните интереси, безбедноста, економскиот просперитет и суверенитетот на САД, особено во области како климатските политики, човековите права и родовата еднаквост.
Аналитичарите оценуваат дека тие потези претставуваат отстапување од традиционалната улога на глобален лидер и премин кон поавтономна и билатерална надворешна политика на САД, пренесува Хина.
Доналд Трамп јасно порача дека мерката има цел да се прекине финансирањето од страна на американските даночни обврзници и учеството во тела кои, како што рече, промовираат „глобалистички агенди“ наместо приоритетите на Соединети Американски Држави.
Тој додаде дека станува збор за институции кои или неефикасно се справуваат со важни прашања или не ги користат средствата на најефикасен начин, поради што, според него, американските пари треба да се пренасочат кон други цели со цел поддршка на „релевантни мисии“.
Доналд Трамп исто така најави дека ова не е крај на повлекувањата и дека нови одлуки од таков тип може да се очекуваат уште пред ова лето.
МИА
Ново на Сител
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
