Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“

Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина интервјуто за емисијата „Мит д прес“ на водителката Кристен Велкер.
Трамп го напушти студиото на Ен-би-си по жестоката размена на мислења со Велкер за наводно наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија.
Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, а Велкер истакна дека за тоа нема докази.
-Изборите беа наместени. Тоа беа валкани избори, истакна Трамп, додавајќи оти и сега се манипулира со изборите во Калифорнија, каде сè уште се пребројуваат гласовите од предизборите поради големиот број гласачки ливчиња пристигнати по пошта.
Кога Велкер побара докази за тврдењата на Трамп, тој изјави дека е „доволно да погледне“.
-Тие се нечесни како што и ви сте нечесни, вашите медиуми се нечесни. И „Мит д прес“ е нечесна, изјави Трамп при тоа повторувајќи дека „вашите избори се нечесни и вие сте нечесни и „Мит д прес“ е нечесен.
Тој пред да го напушти студиото наведе дека Ен-би-си е еднострана, корумпирана телевизија.
-Жал ми е, но прекинуваме. Доста ми е, посочи Трамп и замина од студиото.
Интервјуто беше снимено во петокот, а денеска се емитуваше на телевизијата Ен-би-си.
МИА
Ново на Сител
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
