Трамп ја опиша атмосферата од средбата со Шји и Путин како одлична

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот состанок со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин поминал во атмосфера на „одлична енергија“.
Тој рече дека тројцата лидери разговарале за неширење на нуклеарното оружје.
„Разговаравме за потребата да работиме заедно за да го спречиме ширењето на оваа нуклеарна закана низ целата наша планета. Особено, детално разговаравме како да се осигураме дека Иран нема нуклеарно оружје. Тие (Иранците) се луди. Ние нема да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје“, рече Трамп на прес-конференција.
Трамп изјави дека Иран сака да склучи договор за завршување на војната.
„Тие сакаат да склучат договор, но не сакаат да склучат договор што е прифатлив за мене“, изјави тој.
МИА
Ново на Сител
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
