Трамп: Најголемиот трговски договор со Филипините досега, ја прошируваме одбранбената соработка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на посетата на претседателската палата Малакананг во Манила изјави дека САД и Филипините постигнале „многу голем“ трговски договор, без да даде детали и најави проширување на соработката меѓу двете земји во областа на одбраната.
„Тукушто постигнавме многу голем трговски договор, најголемиот што некогаш сме го склучиле. Тоа е фер договор за двете земји и многу сме задоволни од тоа“, рече Трамп за време на средба со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот, јави Би-Би-Си.
Трамп изјави дека дошол во Манила за да потврди еден од најстарите и најважните американски сојузи во Пацификот, нагласувајќи дека САД стојат со филипинскиот народ и дека сојузот меѓу двете земји „никогаш не бил подобар“.
Претходно Трамп изјави дека Вашингтон ја проширува одбранбената соработка со сојузникот на САД и дека ќе соработува со Манила и на голем проект за нуклеарна енергија за мировни цели.
Трамп, кој е во државна посета на Манила пред да замине во Кина на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка, изјави дека Вашингтон ја зголемил воената поддршка за Филипините, одобрувајќи продажба на оружје во вредност од над 5 милијарди долари.
Соработката на предложениот проект за цивилна нуклеарна енергија на Филипините би можела дополнително да ги зајакне врските меѓу двете земји, додаде американскиот претседател.
„Доколку Филипините ја усвојат американската технологија во својот прв модерен нуклеарен проект, тоа би ја нагласило силата на важниот однос“, рече Трамп.
Тој додаде дека Филипините би можеле да станат партнер и во планираниот проект за извоз на природен гас од Алјаска и посочи дека двете земји разговарале за проширување на соработката во енергетскиот сектор.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
-

Во месецот посветен на машкото здравје бесплатно тестирање на рак за простата во ЗД „Железничар“
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
